Ел Нињо се враќа, на праг сме на супер жешка пролет и лето

По слабеењето на Ла Ниња, светските климатски модели навистина укажуваат дека во втората половина на 2026 година е можно враќање на Ел Нињо, но засега е прерано тоа да се претставува како сигурен „најсилен супер Ел Нињо досега“.

Според најновата проценка на американскиот Центар за климатски предвидувања, во моментов се присутни неутрални ENSO услови, кои се најверојатни барем до април–јуни, а Ел Нињо има зголемени шанси да се развие од мај–јули и да потрае до крајот на годината.

Тврдењето што го пренесуваат дел од порталите доаѓа од анализи на Severe Weather Europe, каде врз основа на долгорочни модели се оценува дека во втората половина на 2026 е можен силен, па и „супер“ Ел Нињо, односно настан во кој аномалиите во клучниот Пацифички регион би надминале плус 2 степени. Но и во самата официјална американска прогноза стои дека распонот на можни сценарија е широк, од неутрални услови до многу силен Ел Нињо, а шансата за навистина многу силен настан засега е околу една на четири.

Ако Ел Нињо навистина се засили, тоа може да влијае врз глобалните временски и климатски обрасци, врз врнежите, сушите, ураганската сезона и температурите во повеќе делови од светот. Но влијанието не е исто насекаде, ниту директно.

Европа обично не е под директно дејство на Ел Нињо како Пацификот, туку повеќе ги чувствува пошироките атмосферски поместувања, што значи дека за Македонија и регионот ваквите глобални сигнали не можат однапред да се претворат во едноставна локална прогноза. Но времето кое се очекува ќе биде екстремно, силно дождови, високи температури и очекувани штети.

Зачлени се на нашиот е-билтен