Елвис Шакири, еден од основачите на Ромалитико, организација посветена на застапувањето на Ромите во Северна Македонија, е добитник на наградата Глобални шампиони во борбата против расизмот (Global Anti-Racism Champions, GARC) што ја доделува Стејт Департмент на САД.
Шаќири, се вели во соопштението за наградата, одигра клучна улога во ставањето крај на бездржавјанството на Ромите и им помогна на многу Роми да се движат во сложените административни системи за пристап до социјалните услуги. Неговата доживотна посветеност на Ромите доведе до значителен законодавен напредок. Магистрирал по човекови права на Централноевропскиот универзитет.
Со наградата Глобални шампиони во борбата против расизмот на Стејт Департментот на САД, на Елвис Шаќири му се оддава чест и признание за неговите напори да ги унапреди правата на Ромите и да се бори против дискриминацијата против Ромите во Северна Македонија.
Основана во 2023 година, наградата Глобални шампиони против расизмот (GARC) им оддава почит на поединци од граѓанското општество на глобално ниво кои покажаа исклучителна храброст, сила, лидерство и посветеност за унапредување на човековите права на членовите на маргинализираните расни, етнички и домородните заедници, вклучително и луѓето од африканско потекло и борба против системскиот расизам, дискриминација и ксенофобија во нивните заедници. Наградените од GARC се извонредни лидери на граѓанското општество, кои беа номинирани од амбасадите и конзулатите на САД ширум светот.
Оваа година, покрај Еливи Шакири од Северна Македнија, наградата им е доделена и на Динтие Суле Тајиру, застапник за човекови права за заедницата Фулбе од Гана, Урмила Чаудари, активист за работнички права од Непал, Тања Дуарте, афро-мексиканска феминистка и антирасистичка активистка од Мексико, Томаса Јархуи Јакоме, домороден политички лидер и застапник за човекови права од Боливија и Џон Лирдам, активист и поранешен парламентарец од Холандија.