Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕП и го укина имунитетот на поранешната потпретседателка на институцијата Ева Каили заради случајот Катаргејт

Европскиот парламент го укина имунитетот на поранешната потпретседателка на институцијата Ева Каили, отворајќи го патот за понатамошна истрага за нејзината наводна вмешаност во финансиска измама од 150.000 евра во 2015 година.

Случајот за измама не е поврзан со корупцискиот скандал познат како Катаргејт, во кој е вмешана и грчката политичарка Каили.

Во извештајот, кој беше ставен на гласање во ЕП, се наведува дека Каили е обвинета за злоупотреба на јавни средства во износ од 120.000 до 150.000 евра. Според грчките закони, доколку биде прогласена за виновна, таа може да се соочи со затвор од 5 до 15 години.

Пред гласањето во ЕП, нејзиниот адвокат изјави за Политико дека ќе преземе соодветни правни мерки доколку и се укине имунитетот на Каили. Папас ги нарече тврдењата дека неговиот клиент може да оди во затвор „предвремени и неосновани во оваа фаза“.

Зачлени се на нашиот е-билтен