Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Епидемија на менингитис во Нигерија, починаа 20 ученици

Најмалку 20 ученици починааа од менингитис во Јобе, северна Нигерија. Мохамед Идрис, еден од службениците на Министерството за образование на државата Јобе, рече дека во некои училишта во областа се регистрирани случаи на менингитис.

Идрис изјави дека 20 студенти починале како последица на менингитис, а некои се хоспитализирани.

Тој изјави дека ги засилиле здравствените мерки против епидемијата на менингитис и ги преземале неопходните мерки на претпазливост.

Нигериската Влада најави дека презема нови мерки за да ја победи болеста до 2030 година.

Менингитисот е сериозна инфекција и голем предизвик за јавното здравје. Блискиот контакт или живеењето со заразено лице овозможува ширење на болеста. Менингитисот, кој може да се пренесе преку воздухот, може да го зафати целото тело, почнувајќи од мозокот.

Зачлени се на нашиот е-билтен