Ердоган: Го осудуваме нападот врз Иран и работиме на спречување на поголема катастрофа

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денес изјави дека Турција вложува интензивни напори за да спречи нападите на Израел и неговите поддржувачи врз Иран да се претворат во поголема катастрофа.

Ердоган рече дека официјална Анкара никогаш не одобрува напади врз иранскиот суверенитет и регионалната безбедност, без разлика од кого доаѓаат, објави државната новинска агенција Анадолија.

-Јасно ја изразуваме нашата реакција, додаде тој.

Зачлени се на нашиот е-билтен