Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и германскиот канцелар Фридрих Мерц на денешната средба разговараа за можноста за набавка на авиони „Еурофајтер“ (Eurofighter).
„Со оглед на променливата безбедносна средина во Европа, оставајќи ги проблемите со набавката на воена опрема зад себе, треба да се фокусираме на заеднички проекти. Ги поздравуваме чекорите што ги презеде Германија, како што е набавката на авиони „Еурофајтер““, наведе Ердоган.
Тој нагласи дека напредокот на Турција во одбранбената индустрија дава уште поголеми можности за соработка помеѓу Анкара и Берлин.
Мерц наведе дека Турција е важен играч во сите прашања што ја засегаат Германија во надворешната политика. Тој нагласи дека двете земји потесно ќе соработуваат во безбедносните политики.
Ердоган и Мерц разговараа и за економските односи, борбата против тероризмот, нелегалната миграција, како и состојбата на турската дијаспора и нејзиниот придонес во билатералните односи.
Мерц додаде дека сака „понатамошно проширување на блиското партнерство“ меѓу Германија и Турција.
