Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Eрдоган на 9 мај ќе биде примен од Бајден

 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе престојува во официјална посета на Вашингтон, каде на 9 мај во Белата куќа ќе биде примен од неговиот американски колега Џо Бајден, соопшти денеска официјален извор.

Тоа ќе биде прва средба на овие двајца претседатели во Белата куќа.

Ердоган претходно беше примен од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Односите меѓу Вашингтон и Анкара неодамна се подобрија кога Турција, членка на НАТО, го одобри влезот на Финска, а потоа и на Шведска во Алијансата, по 20 месеци двоумење.

Како знак на поддршка, Бајден во јануари, а потоа и Конгресот на САД во февруари ја одобри продажбата на американските борбени авиони Ф-16 на Турција, со што стави крај на повеќемесечните расправии меѓу Вашингтон и Анкара околу тоа прашање.

Зачлени се на нашиот е-билтен