Ердоган пристигна во Каиро на Мировниот самит

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во Каиро за да учествува на Блискоисточниот мировен самит, што ќе се одржи денеска во главниот град на Египет, објавија странските агенции.

Меѓународната конференција ќе се одржи поради стравувањата од ескалација на конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во поголема регионална војна.

Ердоган вчера го повика Израел да ги прекине нападите врз Појасот Газа, за кои турскиот претседател вели дека се „геноцид“. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира