Ердоган во посета на Египет за прв пат од 2012 година, во фокусот на разговорите е ситуацијата во Газа

 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска пристигна во посета на Египет, каде што ќе се сретне со својот колега Абдел Фатех Ал Сиси за прв пат од 2012 година.

Ердоган нагласи дека дијалогот ќе се фокусира на израелските акции во Појасот Газа.

Лидерите, чии односи беа нарушени поради египетскиот воен удар во 2013 година и последиците по организацијата Муслиманско братство, во текот на денот ќе одржат прес-конференција.

Во 2013 година, Ал Сиси ја предводеше коалицијата која го отстрани од власт демократски избраниот претседател на Египет, Мохамед Морси и го суспендираше претходно усвоениот устав на Египет.

Морси, сојузник на Ердоган, беше поврзан со исламистичката организација Муслиманско братство. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира