Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Есенската кошничка на граѓаните ќе остане празна, цените сѐ уште се високи

Граѓаните се разочарани од ефектите на првата есенска кошница која Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ цели три недели ја токмеше, а намалувањата на производите се од 2 до 5 денари, кај другите производи и до 10 денари кај кашкавалите.

Одлуката за намалување на бруто-профитната маржа на 73 производи, во понеделникот беше објавена во Службен весник, а во маркетите и во продавниците каде што стојат овие производи се поставени задолжителните ознаки.

Сепак цените се се уште многу високи, еден килограм розов домат се продава меѓу з135 и 146 денари, индустриските краставици околу 100 денари, килограм моркови наместо 43 сега чини 35 денари, додека бананите чина 74 денари за килограм.

Јаболката се продаваат од 45 до 70 денари за килограм, а цената на јајцата е на истото ниво од 77 денари за пакување од 10. Поевтини цени за десетина денари можеа да се забележат кај дел од сирењата и кашкавалите.

Пазарџиите велат дека продавачите на пазарот на големо од почетокот на неделата ги зголемиле цените за најмалку 30 отсто.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново