Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕСМ: Субвенциите на цената на топлинска енергија за домаќинствата остануваат и за оваа грејна сезона

ЕСМ Снабдување со топлина денеска преку соопштение информира дека субвенции на цената на топлинска енергија за домаќинствата ќе има и оваа грејна сезона.

– Фактурите за топлинска енергија за грејна сезона 2023/2024, кои ќе се испорачуваат до потрошувачите од категоријата домаќинства во следниот период, а се однесуваат на месеците јануари, фавруари, март и април ќе ја вклучуват мерката за субвенционирање на цената на топлинската енергија. Субвенциите кои се однесуваат на месеците октомври, ноември и декември, ќе бидат вкалкулирани и ќе го намалат износот на потрошениот реален надоместок за грејната сезона, се наведува во соопштението.

Од ЕСМ снабдување со топлина појаснуваат дека финансиската поддршка за секој потрошувач е прикажана во фактурата за секој месец пооделно и дека оваа поддршка ќе обезбеди намалување на израмнителните сметки во мај, јуни и јули, кога потрошувачите треба да го почувствуваат бенефитот од мерката.

– Потрошувачите во периодот август-април добиваат авансни сметки-фактури, а разликата на количината на испорачана топлинска енергија до потрошувачите (што е регистрирана на мерилата во топлинските станици) од прогнозираната во авансните фактури, ќе биде израмнета во сметките што потрошувачите ќе ги добијат во текот на мај, јуни и јули, кога вообичаено се врши порамнување. Во текот на целата година, во своите сметки на задната страна добиваат податок за тоа колку енергија потрошиле, колкава е ангажираната моќност и колкава е разликата помеѓу реалниот и надоместокот кој потрошувачите го авансирале со авансните фактури, се вели во соопштението.

Инаку, денеска Регулаторната комисија за енергетика на прес-конференција објави дека за 35 проценти се намалува цената на парно греење за деловните корисници на град Скопје. Причината за ваквата одлука, како што беше соопштено, е поради намалувањето на цената на природниот гас на светските берзи.

– Резултатите покажаа дека во изминатиот период цената на природниот гас на берзата е пониска од предвидената со што се исполнуваат условите да се донесе поволна одлука за категоријата останати корисници, кои, пак, во турбулентниот период на енергетската криза го преземаа товарот и добиваа реални сметки за разлика од домаќинствата, кои во цел овој изминат период на енергетска криза добиваа сметки со субвенции, рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира