Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ го деблокираше пакетот помош од 6,3 милијарди евра за Полска

 Европската унија денеска го деблокираше првиот пакет финансиска помош од 6,3 милијарди евра за Полска од Фондот за опоравување по пандемијата на Ковид-19.

Тоа е најголемата сума што ЕУ некогаш и ја доделила на земја-членка, соопшти денеска министерката за регионална политика на Полска, Катарина Пелчинска Наленц.

ЕУ ги блокираше финансиските средства за Полска бидејќи нејзината претходна конзервативна влада, која ги загуби изборите минатиот октомври, ги измени законите за судството и на тој начин, рече Брисел, ги прекрши демократските принципи и норми. Европската комисија тогаш рече дека Полска за да ги добие средствата мора да ја гарантира независноста на судството.

Комисијата во февруари објави дека ќе започне со исплатата на задржаните средства бидејќи доби гаранции од новиот проевропски премиер Доналд Туск дека ќе ги обнови демократските норми.

Полска ќе добие вкупно 25,3 милијарди евра неповратни средства и 34,5 милијарди евра заеми во рамките на „Фондот за опоравување и отпорност“ – планот за опоеравување по пандемијата со Ковид-19, воспоставен во 2020 година од вкупно 672,5 милијарди евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен