Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ го осуди нападот врз рускиот опозициски лидер Леонид Волков во Литванија

Го осудуваме суровиот напад врз Леонид Волков, изјави денеска портпаролот на Европската комисија во врска со нападот во Литванија врз рускиот опозиционер и соработник на покојниот Алексеј Навални.

Разбираме дека литванските власти темелно го истражуваат овој случај. Не би рекол кој би можел да биде одговорен додека не завршат проверките. Во овој случај ни требаат доказите од истрагата, додаде портпаролот.

Ние немаме илузии за методите што режимот на Кремљ ги користи, особено во однос на неговите критичари, рече тој. Видовме што се случи со Алексеј Навални, Борис Немцов и Ана Политковскаја, додаде портпаролот.

Волков во февруари го посети Европскиот парламент во Брисел, каде што рече дека очекува да види колапс на режимот на рускиот претседател Владимир Путин.

– Сакаме Путин и неговите соработници да го видат крајот на овој режим и да се оствари Русија за која сонуваше Навални, рече тогаш Волков. На истиот состанок, други претставници на руската опозиција ја повикаа ЕУ да не ги признава резултатите од претстојните претседателски избори во нивната земја.

Зачлени се на нашиот е-билтен