Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ го усвои дванаесеттиот пакет санкции против Русија

 Европската унија официјално го усвои дванаесеттиот пакет санкции против Русија поради нејзината војна против Украина, објавија земјите-членки на ЕУ, пренесе ДПА.

Последната рунда санкции воведува забрана за увоз, купување или трансфер на дијаманти од Русија и ја заострува постојната граница на цената на нафтата за руската нафта, се вели во соопштението за печатот.

-Со овој 12-ти пакет, ние поставуваме нови огласи економски мерки кои дополнително ќе ја ослабат руската воена машина. Нашата порака е јасна, рече шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.

Додаде дека остнуваат цврсти во нивната посветеност на Украина и ќе продолжат да ја поддржуваат нејзината борба за слобода и суверенитет.

Новите рестриктивни мерки ќе стапат на сила по објавувањето на законскиот текст. 

Зачлени се на нашиот е-билтен