По неколкугодишни преговори, Европскиот парламент усвои голема реформа за миграција и азил во рамки на ЕУ, пренесува Би-Би-Си.
Европскиот Пакт за азил и миграција беше предмет на разгледување од 2015 година, а ќе стапи на сила за две години.
Истиот има за цел да го забрза процесот за азил и да го поттикне враќањето на нерегуларните мигранти во матичните земји.
Исто така, ќе изискува од земјите-членки на ЕУ да ја споделат одговорноста за барателите на азил.
Во изминатите години околу 380.000 луѓе илегално ги преминаа границите на ЕУ – најголема бројка од 2016 година.
Пактот за миграција беше поддржан од двете главни политички групи – централно-десничарската група на Европската народна партија и левичарскиот Прогресивен сојуз на социјалистите и демократите.
Роберта Мецола, претседателката на Европскиот парламент, рече дека со пактот се постигнала „рамнотежа помеѓу солидарноста и одговорноста“.
Сепак, левичарските и екстремно десничарските групи се спротивставија на договорот.
И многу невладини организации, исто така, ги повикаа европратениците да ја изгласаат реформата, при што Амнести интернешнал предупредува дека пактот ќе доведе до „наплив на страдање“ за барателите на азил.