Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ изрази жалење поради извршената смртна казна во американската држава Мисури 

 Европската Унија денеска изрази „длабоко жалење“ поради егзекуцијата на Брајан Дорси во Мисури и ја повика оваа американска држава да им се придружи на останатите 37 сојузни држави во САД кои досега ја укинаа смртната казна со закон или во пракса. 

– Егзекуцијата на Дорси беше прва извршена смртна казна во Мисури оваа година, што значи дека државата ја обновува оваа нехумана и понижувачка практика, се наведува во реакцијата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). 

Во соопштението се нагласува дека ЕУ продолжува да повикува на универзално укинување на смртната казна и од државите кои ја се уште ја практикуваат бара да воведат нејзин мораториум и да започнат со постапка на укинување егзекуциите следејќи го светскиот тренд.

– Како прашање на принцип, ЕУ силно се противи на смртната казна во секое време и во сите околности. Таа претставува кршење на правото на живот, не го спречува криминалот и ги прави грешките на правдата неповратни, наведува ЕУ, посочувајќи дека во САД досега вкупно 197 лица биле ослободени како невини, откако првично биле осудени на смртна казна. 

Смртната казна врз 52-годишниот Дорси беше извршена синоќа со инјектирање на смртоносна супстанција. Тој беше осуден за убиство на неговата братучетка и нејзиниот сопруг во 2006 година. Адвокатите на Дорси бараа преиначување на казната со образложение дека тој се променил за време на неговиот речиси 20-годишен престој во затворот, како и дека немал соодветна правна заштита за време на судењето.

Зачлени се на нашиот е-билтен