Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ ќе координира повеќе пратки хуманитарна помош за Газа

 Европската комисија денеска објави дека координира уште шест летови со стоки за хуманитарна помош за Газа. Лет со 51 тон лекови се упати од Копенхаген кон Египет. Во следните две недели треба да има уште пет летови, јави ДПА.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави вчера дека првите пратки помош од ЕУ од почетокот на војната меѓу Хамас и Израел успешно стигнале во Газа.

ЕУ ги финансира вкупните трошоци за летовите и помага во координацијата на испораката на помош, се вели во соопштението.

Хуманитарниот товар го обезбедуваат различни организации за помош, вклучувајќи ги УНИЦЕФ, Светската здравствена организација (СЗО), Светската програма за храна (WFP), Меѓународната организација за миграција (ИОМ), Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), соопшти Комисијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен