Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ ќе прати хуманитарна помош на Хаити

 Европската унија денеска соопшти дека ќе испрати 20 милиони евра хуманитарна помош на Хаити.

Сиромашната карипска земја е погодена од смртоносно групно насилство заедно со политичката криза што почна во 2021 година со атентатот на претседателот Жовенел Моиз.

– Нивото на насилство од бандите е без преседан и драстично ги зголемува хуманитарните потреби низ целата земја, рече портпаролот на Европската комисија, Балаж Ујвари.

Премиерот на Хаити, Ариел Анри, кому не му е дозволено да се врати во земјата, најави оставка и покрај тоа што незаконски ја извршуваше функцијата, но нема знаци дека тоа ќе стави крај на кризата и безвластието во кое загинаа стотици луѓе во последните неколку недели. 

Зачлени се на нашиот е-билтен