ЕУ: Мадуро немаше легитимитет

Европската Унија се огласи по соборувањето на претседателот Николас Мадуро во Венецуела, велејќи дека внимателно го следи развојот на ситуацијата и апелираше до сите страни на воздржаност.

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, објави дека разговарала со министерот за надворешни работи на САД, Марко Рубио, како и со амбасадорот на ЕУ во Каракас. „Европската унија внимателно ја следи ситуацијата во Венецуела“, рече Калас.

Таа потсети дека ЕУ постојано нагласува дека Николас Мадуро нема легитимитет и дека Брисел постојано се залага за мирна политичка транзиција во таа земја.

„Во сите околности, принципите на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации мора да се почитуваат. Апелираме на воздржаност“, рече Калас.

Зачлени се на нашиот е-билтен