Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ нотира дека Уставниот суд го укина балансерот откако Владата претходно го најави тоа

Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој повикува на целосно почитување на принципот на недискриминација и еднаков третман, особено во јавната администрација, велат од Делегација на ЕУ, прашани за став во врска со одлуката на Уставен суд за укинување на „балансерот“.

– ЕУ Делегацијата ја нотира одлуката на Уставниот суд. Одлуката на Судот доаѓа откако владата ги објави своите намери да го реформира системот и да го замени Балансерот. Очекуваме да ги видиме предлозите, наведуваат од Делегација на ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен