Европската комисија ја одобри исплатата на 4,1 милијарди евра за Укрина како помош преку механизмот на Еу за Украина.
Според украинскиот премиер Денис Шмихал, ЕК ја одобрила исплатата и дала позитивна оценка за реформите.
„ЕК даде позитивна оценка за реформите и истакна дека владата ги исполнила потребните индикатори за да ја добие оваа транша. Очекуваме брзо одобрување на одлуката од страна на Советот на Европската Унија. Со тоа, вкупната поддршка во рамките на Механизмот за Украина оваа година ќе достигне 16,1 милијарда евра“, напиша Шмихал на Телеграм.
Тој се заблагодари за поддршката од ЕУ за Киев и гласи дека неговата земја останува посветена на реформите и трансформацијата и покрај војната со Русија.
Според него Украина се насочува кон зајакнување на нејзината европска интеграција и напредок кон полноправно членство во ЕУ.