Европската унија разгледува попрост пристап кон климатските цели и можно ублажување на забраната за автомобили со мотори на внатрешно согорување од 2035 година, под притисок на Германија и Италија, јавува Reuters.
Во нацрт-документот на ЕУ се предлага воведување поголема флексибилност во спроведувањето на зелените мерки – со можност целите за намалување на емисиите да се ревидираат секои две години, доколку технологиите за отстранување на CO₂ не напредуваат доволно брзо или шумите апсорбираат помалку јаглерод од очекуваното.
Целта за намалување на емисиите за 90% до 2040 година останува иста, но документот предвидува и користење на т.н. јаглеродни кредити, односно финансирање зелени проекти надвор од ЕУ (на пример пошумување во Бразил или електрификација на јавниот превоз).
🇪🇺 Европската комисија се надева дека со овие измени ќе го придобие консензусот меѓу земјите членки пред состанокот за климата COP30, кој ќе се одржи на 6 ноември.
