Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ со нова хуманитарна помош за Појасот Газа

Европска Унија денеска ја испрати првата пратка со хуманитарна помош за Појасот Газа преку Кипар до привременото американско пристаниште, изјави портпаролот на Европската комисија.

Тој додаде дека пристаништето почнало со работа дури вчера.

Првата европска пратка преку новоизграденото пристаниште е донација од Романија. ЕК ги покрива трошоците за оваа испорака, а ЕУ отвори логистички центар на Кипар за да го насочи протокот на помош за Палестинците.

Од почетокот на оваа година, ЕУ и обезбеди на Појасот Газа повеќе од 2.000 тони помош.

Според ЕК потребно е и по копнен пат да може да се дистрибуира помош до Појасот Газа, вклучително и преку контролните пунктови Керем Шалом и Рафа.

ЕУ го повикува Израел да обезбеди постојан пристап преку нови пунктови, на пример преку преминот Ерец и пристаништето Ашдод.

Зачлени се на нашиот е-билтен