Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ со позитивна оценка за мерките на Северна Македонија за младите земјоделци

Ленче НИКОЛОВСКА

Битката за европски аграр треба да ја водат МЛАДИТЕ!

Тие се во фокусот, најмногу пари, најголема важност се дава токму за нив. Унијата преку мерките кои ги носи ги повикува младите земјоделци да се вклучат во агросекторот!

Ова беше неколку пати потенцирано на средбите во Европската Комисија за Поглавје 11 – Земјоделство и рурален развој и беа пофалени нашите мерки кои ги имаме за младите земјоделци. Охрабрувањето беше во таа насока, продолжете да работите, усогласувајте ја вашата аграрна политика со Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Посочија дека се менува и нивната политика која во иднина повеќе акцент ќе стави на учинокот, односно на ефектот од мерките.

Се спомнаа неколку фондови, како 220 милиони евра годишно за „Учебна година“, тоа е нашата Програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје, како и 900 милиони евра годишно кои се одвојуваат за поддршка на секторот овошје и зеленчук.

Всушност секој сектор има висока поддршка која се димензионира во зависност од целта што сака да се постигне. Дали се работи за поддршка поради климатски промени, за зголемен извоз или пак поддршка за да се одржи производството.

Најновата програма која стартуваше од 1 јануари 2023 година подразбира буџетска рамка за период од 2023 – 2027 година. Станува збор за распределба на 270 милијарди евра од земјоделскиот буџет на ЕУ за 2023-2027 година. Според Комисијата, 34 милијарди евра се наменети исклучиво за еколошки и климатски цели и нови еко-шеми.

Едно е јасно – ЕУ нуди сигурност на земјоделците и нивното производство, поддршка на младите, рурален развој и се’ она што праќа јасна порака – Вие само произведувајте, има кој се грижи за вас!

*Преземено од Агротим.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен