Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУРО 2024: Полуфинале меѓу фудбалските гиганти Франција и Шпанија

Јамал ВС. Мбапе

Франција, со малку голови на ЕУРО 2024, вечерва ќе се обиде да ги замолчи критичарите во дуелот со Шпанија за кој многумина велат дека е финале пред финалето. Од друга страна Шпанија се надева дека ќе ја одржат својата импресивна кампања на ова европско дури и без клучните играчи.

Со тоа што Килијан Мбапе го предводи својот талентиран тим, Франција беше меѓу фаворитите кога пристигна во Германија. Но, се најде на удар на навивачите и експертите поради низата неимпресивни изведби и стигна до полуфиналето само со две победи од 5 натпревари. Останатите три играше нерешено и постигна само 3 голови во пет натпревари во регуларното време за игра.

Од друга страна, Шпанија ќе биде без играчот од средниот ред Педри, кој се здоби со повреда на коленото во непријатниот судир со германскиот халф Тони Крос во драматичната победа во саботата.

Ударот со глава на замената Микел Мерино во 119-тата минута и донесе победа на Шпанија со 2-1 во мечот кој ги нарушува нервите, кој заврши со 16 каранти, вклучувајќи жолт картон за централниот бек Робин Ле Норманд и црвен за бекот Дани Карвахал, што значи дека и двајцата се суспендирани поради Натпреварот во вторник.

Дефанзивецот на Реал Мадрид Начо ќе игра централен бек заедно со Ајмерик Лапорте и 38-годишниот бек Хесус Навас, последниот играч од златната генерација на Шпанија кој го освои Светското првенство во 2010 година и титулите на еврото во 2008 и 2012 година.

Од досегашните влушно 36 меѓусебни средби, Шпанија е во предност со 16 победи, Франција има 13, а 7 натпревари завршиле без победник.

Зачлени се на нашиот е-билтен