Еве кога почнува евтина струја во Македонија: Дневната тарифа останува, можна промена кај ноќната

Ако планирате перење, готвење или вклучување на бојлерот – ова е информација што вреди да ја знаете. И во 2026 година, евтината дневна тарифа за електрична енергија во Македонија останува во истиот термин: од 13:00 до 15:00 часот.

Овој двочасовен период во текот на денот е наменет за поевтина потрошувачка и претставува реткост во регионот – ваква дневна евтина тарифа, покрај Македонија, постои уште само во Федерацијата на БиХ.

Освен дневната, клучна за домаќинствата е и ноќната евтина тарифа. Таа засега започнува во 22:00 часот, но можно е во иднина да има промена. Анализите покажуваат дека евтината струја би можела да се задржи и преку ден, но со поместување на почетокот на ноќната тарифа од 22:00 на 00:00 часот.

Причината е што по 22 часот цените на електричната енергија на пазарите се исклучително високи, додека во текот на денот – особено напладне – тие се најниски.

Сепак, евентуалните промени нема да се воведуваат нагло. Надлежните велат дека станува збор за навики што домаќинствата ги имаат со години, па секоја одлука ќе биде внимателно разгледана.

До тогаш, правилото останува исто:
– евтина дневна струја од 13:00 до 15:00
– евтина ноќна струја од 22:00 часот

Паметното планирање на потрошувачката и понатаму останува еден од најефикасните начини за заштеда во домаќинствата.

Зачлени се на нашиот е-билтен