Европа се остамостојува во одбраната: Францускиот претседател нуди нуклеарен штит со француска команда


Францускиот претседател Емануел Макрон најави можност за распоредување на француско нуклеарно оружје во други европски земји, под услов контролата да остане исклучиво во негови раце. Во услови на безбедносни тензии поради војната во Украина, Макрон ја оживува идејата за стратешка автономија на Европа и повикува на помало потпирање на САД кога станува збор за одбраната на континентот.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција е подготвена да ја разгледа можноста за распоредување на своето нуклеарно оружје во други европски земји, но под услов контролата над тоа оружје да остане исклучиво во негови раце.

Во интервју за францускиот ТВ канал TF1, Макрон ја спореди идејата со системот за споделување на нуклеарно оружје на НАТО што САД веќе го имаат во Европа.

Тој посочи дека францускиот нуклеарен арсенал има европска димензија и служи на поширокиот безбедносен интерес на Европа, не само на самата Франција.

„Отсекогаш постоела европска димензија која ги зема предвид виталните интереси“, рече Макрон и потсети на долгогодишната позиција на Париз дека францускиот нуклеарен арсенал служи за заштита не само на Франција, туку и на пошироката европска безбедност.

Франција е единствената членка на ЕУ со нуклеарно оружје по излегувањето на Обединетото Кралство од Унијата. За разлика од САД, кои држат нуклеарно оружје во неколку европски земји под своја контрола, Франција досега беше резервирана за тој модел.

Повикот на Макрон за дискусија за можното пошироко распоредување на францускиот нуклеарен арсенал доаѓа во светло на зголемените тензии со Русија и промовирањето на европската „стратешка автономија“.

Сепак, засега нема конкретни планови за такво распоредување.

Зачлени се на нашиот е-билтен