Европратениците алармираат: Насилството врз студентите и граѓаните во Србија мора веднаш да се истражи!

Фотографија на Нова.рс
Фотографија на Нова.рс

Членовите на Европскиот парламент (ЕП) од Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) ја потврдија својата поддршка за европскиот пат на Србија и изразија солидарност со граѓаните, студентите и граѓанското општество, соопшти вечерва ЕП.

Делегацијата ја предводеше португалската европратеничка Марта Темидо и се сретна со претставници на владата, Народното собрание, владејачкото мнозинство, опозицијата, медиуми, академската заедница и студенти.

„Посетата на делегацијата е продолжение на резолуцијата на ЕП за Србија од 22 октомври 2025 година, со цел проценка на состојбата на демократијата, тековните протести и наводите за репресија насочена кон студенти, академици и јавни службеници“, се вели во соопштението.

ЕП нагласи дека пристапувањето кон Европската Унија е процес заснован на заслуги и почитување на демократијата, владеењето на правото, слободата на медиумите и независноста на судството.

Делегацијата ја истакна својата солидарност со граѓаните кои ги остваруваат своите демократски права и повика на одговорност и транспарентност на властите.

„Властите треба да обезбедат итни, непристрасни и транспарентни истраги за сите случаи на непропорционална употреба на сила и нелегално следење на демонстрантите. Слободата на собирање и безбедноста на новинарите и демонстрантите мора да се почитуваат“, се додава во соопштението.

Пратениците исто така изразија загриженост поради притисоците врз академскиот персонал, ограничувањата на слободата на медиумите и судските реформи кои би можеле да ја поткопаат независноста на судството. Делегацијата дискутираше и за интегритетот на изборите и спроведувањето на препораките на ОБСЕ и ОДИХР.

Зачлени се на нашиот е-билтен