Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Европратениците ја критикуваа реториката на Белград и побараа санкции за Србија и за Курти

Пратениците од Европскиот парламент доцна синоќа порачаа дека е потребна непристрасна истрага за вооружениот конфликт на северот на Косово и дека одговорните треба да бидат изведени пред лицето на правдата, ја критикуваа реториката на Белград и побараа санкции за Србија, како и за косовскиот премиер Албин Курти поради застојот на дијалогот, а повикаа и на зајакнување на единиците КФОР во северно Косово, јави допсиникот на МИА од Белград.

Шпанскиот државен секретар за прашања на ЕУ, Пасквал Наваро Риос, повика во име на ЕУ да се запрат непријателствата меѓу Србија и Косово, остро го осуди нападот во Бањска и побара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

– Советот е загрижен затоа што недостигаат напори од двете страни да се намалат тензиите на северно Косово и ЕУ е подготвена да преземе соодветни мерки, во случај да не биде постигнат напредок во дијалогот, вклучително и одржувањето на предвремените локални избори на Косово, изјави Риос.

Европскиот комесар за управување со кризи, Јанез Ленарчич, истакна дека операцијата во Бањска е без преседан, конфискуваната количината на оружје е огромна што предизвикува загриженост, ситуацијата е исклучително сериозна и ја повика Србија на соработка за да се спречи шверцот со оружје.

Косово и Србија треба да се воздржат од активности кои можат да доведат до ескалација, рече тој и додаде дека ЕУ е загрижена за реториката од Белград во оваа прилика, како и за прогласувањето ден на жалост.

– Тој изрази загриженост за зајакнувањето на воените сили на југот на Србија, пред локалните избори на северот на Косово и порача дека Косово треба конструктивно да соработува.
Сакам да ги потсетам двете страни дека нивниот пат кон ЕУ е преку дијалог и нормализација и дека секоја понатамошна ескалација лошо ќе се одрази на тој процес, но и на стабилноста на регионот, заклучи Ленарчич.

Пратеникот во Европскиот парламент и известувач за Србија, Владимир Билчик, истакна дека е потребна вистинска истрага и изведување на одговорните пред лицето на правдата, и да двете страни сносат одговорност што поскоро да се вратат на дијалогот, додавајќи дека треба да биде јасно дека со враќањето на Албин Курти на власт, дијалогот е отежнат и стагнира, наместо да напредува.
Одговорност на Белград е да ни ги претстави вистинските факти. Не ни треба површно доделување на вината, туку стабилизација на Балканот. Тоа е она што и пречи на Путинова Русија, рече Билчик.
Пратеникот во Европскиот парламент Тонино Пицула истакна дека овој напад е доказ за континуирани тензии кои постојано се на работ на ескалација и предложи можност да се запре финансирањето на инфраструктурните проекти.

Некои пратеници сметаат дека е срамота што ЕУ од САД дознала дека Србија трупа војска на југот на Србија, како и тоа што Ленарчич е пред пратениците наместо високиот претставник Жозеп Борел и Мирослав Лајчак.

Некои од нив предложија и Лајчак да размисли за оставка, бидејќи нема резултати.

Бројни пратеници го критикуваа српскиот претседател Александар Вучиќ, изјавувајќи дека тој го загрозил мирот и стабилноста „притискајќи го копчето“ за ескалација, играјќи си со оган и го обвинија дека го направил истото како Слободан Милошевиќ во раните 1990-ти, односно Владимир Путин со анексијата на Крим.

Треба да покажеме решителност, што не спречува да воведеме казнени мерки против Србија, порачаа пратениците барајќи од Европската комисија и Советот на ЕУ да преземат мерки.
Мал број пратеници во Европскиот парламент укажаа дека нема смисла Косово да се интегрира во ЕУ бидејќи не е независна држава, дека е неопходно да се формира Заедница на српски општини и да се поддржат низа меѓународни конвенции кои гарантираат посебни статусот на малцинските заедници.

Зачлени се на нашиот е-билтен