Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Европска комисија: Давањето услуги за граѓаните и бизнисот дополнително да се подобри

Европската комисија во Извештајот за напредокот на државата, порачува дека треба давањето услуги за граѓаните и бизнисот треба дополнително да се подобри.
 
„Национален портал за е-услуги (https://uslugi.gov.mk/) е отворен и работи. Обезбедува информации и практични административни услуги онлајн на три јазици и се грижи за лицата со посебни потреби. Иако порталот беше надграден со само неколку нови електронски услуги, најчесто бараните услуги сè уште не се достапни онлајн. Долгоочекуваните 135 нови услуги за граѓаните и бизнисите се уште не се конфигурирани на порталот. Порталот моментално има 292 179 корисници, но бројот на месечни трансакции и понатаму е низок (2 070 апликации). Понатаму, лошото планирање и недоволната организација на замената на личните документи што го носат претходното уставно име на државата предизвика големо незадоволство и недоверба кај граѓаните“, констатира Комисијата во Извештајот и укажува и на се уште ограничената употреба на регистарот на население.

Зачлени се на нашиот е-билтен