Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Европска комисија: Пристапот до информации од јавен карактер дополнително да се охрабрува

Европската комисијата во Извештајот за напредокот на државата, во врска со Законодавството за правото на граѓаните на пристап до информации од јавен карактер потенцира дека, одговорот на барањата за информации од јавен карактер и проактивното откривање информации треба дополнително да се охрабруваат.
 
-Помалку информации се достапни на веб-страниците на државните институции, отворениот владин портал не ги ажурира информациите, додека објавувањето на владините состаноци и агенди предизвикува значителни доцнења. Агенцијата за заштита на слободен пристап до информации од јавен карактер продолжи навремено да ги обработува жалбите, забележувајќи одредено зголемување на апелите за молчење на администрацијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен