Европска турнеја на импровизациски театар, учесник и македонскиот актер Здравко Стојмиров

Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА, во партнерство со неколку организации и театри за Импровизациски театар од Словачка, Полска, Унгарија и Чешка, го спроведува проектот и турнеите В4Импров Конект со фокус на импровизациски театар. Македонски учесник во проектот е извонредниот актер Здравко Стојмиров.

Проектот е поддржан од Вишеград Фондот за култура и меѓународна соработка.

Координатор / иницијатор и партнери на проектот се: ISAC – International Society for Arts and Culture, Teatr Wschodni / The Eastern Theater-Lublin, Macedonian Center of the International Theatre Institute (ITI)/PRODUKCIJA, Funnylicious Theater-Bratislava, Czech National Improvisation Theater, Itt és Most Társulat’s.

Во текот на април во Братислава, Словачка, се случија подготовки за претставата според Мајснер методата за импровизациски театар, спроведена од менторот Кејт Фаркуар (Keith Farquhar) од Велика Британија, и првиот јавен настап со новата претстава на 13 април 2024.

Во мај започнува Импров Конект турнејата во градот Прага (11 мај) под наслов „Булевар и Импровизациска терапија“, а продолжува со турнеите во Лублин, Полска; Будимпешта, Унгарија; и Скопје, Р. Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен