Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Европската инвестициска банка инвестира 49 милијарди евра во еколошки проекти

 Групацијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) минатата година инвестираше повеќе пари во проекти за климата и животната средина од кога било досега, изјави денеска во Брисел претседателката на ЕИБ, Надија Калвињо.

Во 2023 година, вкупно 49 милијарди евра се слеаа во проекти кои преземаат акција за климатските промени и одржливоста на животната средина. Во претходната година таа суме беше 38 милијарди евра, пренесе ДПА.

– Со 349 милијарди евра зелени инвестиции мобилизирани од 2021 година, Групацијата ЕИБ е на пат да ја постигне целта од еден трилион евра зелено финансирање поддржано до крајот на деценијата, се вели во соопштението ЕИБ.

Со седиште во Луксембург, ЕИБ е банка на Европската унија и е најголемата мултилатерална финансиска институција во светот.

Таа во последно време е особено вклучена како донатор за климатска акција, а исто така и за поддршка на Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен