Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Европската Комисија порачува Министерството за финансии да биде потранспарентно

Европската комисија во Извештајот за напредокот на Македонија за 2024 година наведува дека институционалниот капацитет на Министерството за финансии и понатаму е ограничен, бидејќи се соочува со предизвици во привлекувањето и задржувањето на кадри со потребните вештини и квалификации.

Министерството за финансии, стои во Извештајот,  продолжи со напорите за подобрување на буџетската транспарентност со објавување на податоци за приходите и расходите на јавните институции, локалните власти и државните компании на квартална основа. Транспарентноста на Буџетот продолжува да биде ограничена, како што укажува нискиот резултат од 35 во последното Отворено истражување за Буџетот, многу под глобалниот просек од 45, посочува Комисијата и порачува дека Министерството за финансии мора дополнително да инвестира во зголемување на учеството на јавноста во секоја фаза од подготовката, извршувањето и известувањето на буџетот.
 

Зачлени се на нашиот е-билтен