Европската унија со стапка на невработеност од 6% – Шпанија на врвот, Малта и Чешка најстабилни пазари на труд

Според најновите податоци за невработеноста во Европската унија за септември 2025 година, просечната стапка на невработеност изнесува 6%, со значителни разлики меѓу земјите членки.

Највисока невработеност е забележана во Шпанија, каде што таа достигнува 10,5%, а по неа следуваат Финска (9,6%), Шведска (8,7%), Грција (8,2%) и Франција (7,6%).

Од друга страна, најниски нивоа на невработеност бележат Малта и Чешка со само 3%, потоа Словенија (3,1%), Полска (3,2%) и Бугарија (3,5%).

Во земјите со пониска невработеност од европскиот просек се вбројуваат и Германија (3,9%), Нидерланд (4,0%), Унгарија (4,5%), како и Ирска и Хрватска, двете со 4,7%.

Овие податоци покажуваат дека пазарот на труд во Европската унија останува стабилен, иако разликите меѓу северните и јужните земји и понатаму се изразени.

Зачлени се на нашиот е-билтен