Европски бизон и гибонката Софи угинаа во рок од една недела во скопската зоолошка градина

Во текот на последната недела, скопската зоолошка градина изгуби двајца значајни жители. Европскиот бизон, стар 17 години, утрово угина по подолг период на терапија и следење заради дијагностицирана пневмонија. И покрај интензивната антибиотска терапија и внимателното следење од страна на ветеринарниот тим, неговата состојба во последните две недели се влошила и не било можно да се спасува.

Фото: ЗОО Скопје

Само пред неколку дена, на седумгодишна возраст, угина и гибонката Софи. Таа пројавила симптоми на малаксаност и отежнато движење пред 12 дена, по што веднаш започнала терапија и се направени лабораториски испитувања. По влошување на состојбата, Софи не успеала да преживее, а подоцна потврдено е дека била позитивна на Mycobacterium tuberculosis complex (MTBC). По дијагнозата, веднаш се преземени мерки за дезинфекција, изолација на живеалиштето и дополнителни испитувања на останатите животни од групата.

Овие два случаи го потенцираат предизвикот со одржување на здравјето на животните во зоолошките градини, а европскиот бизон и гибонката Софи беа дел од најпознатите и најактивните жители на скопската зоолошка градина.

Зачлени се на нашиот е-билтен