Порталот „Timeout“ набројува неколку причини во 2023 година да се упатите во Веспрем, Темишвар и Елефсина.
Барате одмор во Европа во градовите кои се преполни со култура, а притоа не се познати по наездата од туристи?
Три прекрасни места се овогодишните европски престолнини на културата – Веспрем во Унгарија, Темишвар во Романија и Елефсина во Грција.
Доколку се прашувате што точно значи да се биде европска престолнина на културата, знајте дека градовите ги избра Европската комисија. Во текот на годината секој избран град ќе има програма на настани осмислена за да го истакне своето културно богатство и разновидност.
Веспрем
Еден од најстарите градови во Унгарија, Веспрем, се наоѓа југозападно од Будимпешта и сместен е на северното крајбрежје на езерото Балатон. Настаните годинава вклучуваат работи за секого. Од концерти на народна музика и танци и отворање на нова куќа на уметноста до еколошки фестивал.
Tемишвар
Oвој град долго беше еден од најпрометните средишта на Романија, но во 2023 година културната сцена ќе доживее голем „бум“. Со просечно 30 настани неделно, распоредот на овој град вклучува фестивали посветени на многу работи, од панк и електронска музика до фигуративни танци, зелен живот, па дури и кафе.
Елефсина

Градот познат по спомениците од ерата на античка Грција, но и по моќната индустрија, годинава ќе угости неверојатни 465 продукции, меѓу кои ќе биде и локалната изложба на фотографија, јавна акробација и семејна претстава. Значи, секој ден ќе имате и повеќе од еден настан во просек, така што тука нема да ви биде здодевно.
Извор: Градска.мк