Групата на Европски социјалисти и демократи упатија честитки до, сега веќе, поранешниот премиер Димитар Ковачевски за неговата досегашна работа.
„Честитки Димитар Ковачевски за извршување на твојата работа како премиер со одговорност и посветеност“, се вели во објавата на социјалните мрежи.
Со објавата, европските социјалисти и демократи известуваат за промените во земјава, односно за техничката Влада која ќе ги спроведува изборите на 8 мај.