„Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел: брутално полициско насилство, стотици апсења на мирни демонстранти и членови на опозицијата и очигледен обид да се избегнат избори“, изјави потпретседателот на Европската зелена партија, Киран Каф.
Тој додаде дека ЕУ има политичко и економско влијание врз Србија и оти мора веднаш да дејствува.

Додека потпретседателката на Европската зелена партија Вула Цеци наведе дека ЕПП мора конечно да заземе став“.
„Автократите имаат опасна навика да банализираат и да ја правдаат авторитарната пракса во име на така наречената стабилност. Ова мора да се осуди“, посочи Цеци.
Владејачката Српска напредна партија (СНС) е придружен член на Европската народна партија, најголемата политичка група во Европски парламент, на која ѝ припаѓа и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.