Вашингтон планира да ја стави Москва пред избор – или да оди на преговори или „тие ќе имаат работа со многу посилна Украина, потпрена на многу помоќна индустриска база во САД и Европа, изјави Џонатан Фајнер, заменик помошник на советникот за национална безбедност на претседателот на САД.
Според него, тогаш и Украина би била подготвена и „способна за нови офанзиви“.
-САД имаат за цел да ја натераат Русија да оди на мировни преговори кон крајот на 2024 година и тоа под услови прифатливи за Украина, со почитување на Декларацијата на ОН во однос на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, изјави Фајнер синоќа во интервју за Пи-Би-Ес.
Според него, во 2024 година САД, Европа и самата Украина, ќе ги зголемат капацитетите на нивните воено-индустриски комплекси.
-Се водат работи на зголемување на обемите на одбранбеното производство и на украинските фабрики, рече тој, додавајќи дека слични напори се преземаат и во Европа.
Фајнер верува дека за година, година и пол, западните земји ќе стојат „на многу поцврсти темели отколку сега“.