Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фатен на дело – Маж од Прилеп е уапсен за подметнување пожари

57-годишен маж од Прилеп доби кривична пријава од Основното јавно обвинителство Кичево поради постоење на сомнеж дека сторил кривично дело – предизвикување на шумски пожар. Пријавенитот, како што се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи во повеќе наврати предизвикувал пожари на територија на Општина Македонски Брод. Лицето, било затекнато на место на настанување на пожар и при преглед биле пронајдени предмети со кои ги предизвикал пожарите. Откако бил извршен службен разговор, лицето ги признало делата.

„Пријавениот Д.Т.(57) од Прилеп, во повеќе наврати, на 15.07.2024, на 30.07.2024, 02.08.2024, на 05.08.2024 и на 07.08.2024 во атарите на с.Слатина и с.Грешница, општина Македонски Брод, предизвикувал пожар на отворен простор, кој се проширувал и настанувале пожари на поголема површина, каде горела трева и нискостеблести растенија“, се вели во соопштението на МВР.

Изминатите денови, полицијата информираше дека се пронајдени и уапсени повеќе лица кои се сомничат дека предизвикале шумски пожари. Вчера, беше уапсен жител на Општина Чашка, додека пак минатата недела, од слобода беа лишени лица кои предизивкале пожар во Прилепско, Радовишко и Свети Николе.

Пожарот во регионот на Чашка се разгоре, МВР уапси едно лице што го предизвикало

Апсењата се случуваат во период кога земјава се соочува со една од најтешките сезони кога станува збор за шумски пожари. Само во текот на вчерашниот ден било пријавено дека има околу 40 пожари, од кои активни биле девет.

Зачлени се на нашиот е-билтен