Локалните и федералните власти во Лас Вегас истражуваат куќа за која се сомнева дека се користи како биолошка лабораторија и се обидуваат да утврдат за какви материјали станува збор.
Претресот е спроведен во сабота наутро, но истражителите сè уште точно не знаат што пронашле, дознава ABC News од полициски извори.
Истрагата е покрената поради прекршување на прописите
Истрагата е покрената по пријава за прекршување на прописите. Кога се појавило сомневање дека материјали за биолошки истражувања се нелегално складирани на имотот, случајот го презела Заедничката антитерористичка единица. Според изворите, управителот на тој имот, во саботата бил уапсен.
Материјалите пронајдени во ампули се запленети и ќе бидат транспортирани во безбедна здравствена установа во округот за тестирање за да се утврди дали претставуваат опасност. Властите сè уште не утврдиле што точно се материјалите или дали се опасни.
— VAL THOR (@CMDRVALTHOR) February 2, 2026
Поврзаност со случајот од 2023 година
Сопственикот на имотот е кинески државјанин кој е во затвор од 2023 година, кога бил уапсен и обвинет. Во тој случај, тој се изјасни за невин.
Случајот од 2023 година, исто така, предизвика конгресна истрага. Таа истрага откри дека нелегалната биолабораторија наводно била финансирана со пари од кинески банки и дека во неа се чувале илјадници примероци од потенцијални патогени, вклучувајќи ХИВ, маларија, туберкулоза, КОВИД-19, па дури и ебола.
Се пребаруваат уште 20 локации
Истражувачите моментално пребаруваат уште 20 локации за да утврдат дали се поврзани со откритието во саботата. Досега, на други локации не е пронајдено ништо сомнително, според извори.