Во периодот пред изборната ноќ и во раните утрински часови во преносите од штабовите на претседателските кандидати Камала Харис и Доналд Трамп, телевизиските вести во САД акцентираа гледачите да се подготват за броење на гласовите и охрабруваа да спремаат чипс, пуканки и напитоци за долгото чекање.
Но сепак, американските мејнстрим медиуми до последно не веруаа во победата на републиканскиот кандидат, пишува денеска „Њујорк тајмс“
Водечките анкети укажуваа на „тесен“ резултат од гласањето. Ние не сме Франција, кај нас гласовите се бројат бавно, посебно во држави како Невада или Пенсилванија, изјавија некои коментатори. Дописниците се шегуваа дека спремаат имрповизирани кревети во студијата и редакциите.
-Ова е тесна трка, тесна трка, тесна трка, изјави Рејчел Мадоу, главната водителка на MSNBC синоќа во 21:46 по источноамериканско време. Околу 40 минути подоцна, Брет Бајер од Fox News ги предупреди своите гледачи дека „уште не сме стигнати,“ ветувајќи дека телевизијата „чека и ќе види.“
Но, како што се ближеше полноќ на источниот брег, разликата меѓу потпретседателката Харис и поранешниот претседател Трамп се зголемуваше. И во една по друга клучна држава водството се повеќе беше во полза на Трамп.
-Ова многу наликува повеќе на 2016 отколку на 2020 година, рече Крис Валас, коментатор на CNN. Тој сепак алудираше дека четиридневното чекање што претходеше на прогласувањето на победата на Бајден веројатно нема да се повтори.
Непосредно пред 2:30 наутро, сите американски ТВ мрежи се префрлија во пренос во живо од Флорида каде Трамп одржа говор во кој прогласи победа. Од сите останати, само Fox News, NewsNation и Newsmax веќе ја имаа прогласено претседателската победа наТрамп. А потоа стана јасно во кој правец се движат работите.
За разлика од пред четири години, водителите не беа принудени да навлегуваат во деталите на пребројувањето на гласачки ливчиња на оние кои не гласале лично, ниту пак за правните предизвици – гласањето помина мазно и без некакви сериозни неправилности. Правните експерти кои чекаа по студијата останаа неискориетни.
Трендовите беа јасни — и некои водители го забележаа правецот на резултатите претходно од останатите свои колеги.
Синоќа во 17:00 часот, Валас посочи на една анкета за одзивот што покажа дека скоро три четвртини од испитаните гласачи се незадоволни или лути од правецот кон кој се движи земјата. „Во конвенционални услови,“ рече Валас, „би било чудо доколку со таков противветер победи Камала Харис.“ Неговата колешка Оди Корниш сугерираше дека прерано е да се даваат такви оценки.
Како што вечерта одминуваше, ТВ мрежите наклонети на Харис станаа претпазливи во тоа како ја покриваат изборната ноќ. На Fox News, приврзаникот на Трамп и коментотар Шон Ханити, предвиде дека поранешниот претседател ќе ги освои Џорџија и Северна Каролина; Бајер брзо ги потсети гледачите дека во ниту една од тие држави сè уште нема прогласено победа.
Подоцна, кога Трамп беше на прагот од победата, Бајер повтори фраза што ја изрече претходно во ноќта: „најголемата политичка приказна што некогаш сме ја виделе на феникс кој се подига од пепелта “
Расположението беше поскромно на MSNBC. По 2:00 часот наутро, кога NBC News прогласи дека Пенсилванија ја добива Трамп, Мадоу им кажа на гледачите дека резултатот „претставува непремостлива иднина за Камала Харис и демократската листа.“
Водителката на MSNBC, Стефани Рул, рече дека овој резултатот не значи нужно дека е за Харис или Трамп.
-Мислам дека ова е за американскиот народ. Точно знаеме што е тоа, и ние — и мнозинството од луѓето кои гласаа за него и направија ваков исход — тие го избраа ова, рече таа.
Борис Камчев од Вашингтон, специјално за Рацин.мк