Од денеска во Струга ќе се одржува седмото издание на фестивалот на краток филм „Drim Short“.
Фестивалската програма и оваа година ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во натпреварувачки категории и тоа регионална, меѓународна, студентска и специјална програма „Соочување со минатото“.
Покрај натпреварувачките програми, фестивалот ќе содржи и ревијални, гостински и специјални филмски програми.
Дел од целиот фестивал повторно ќе биде и едукативната програма, пропратена со мастер класови, дискусии и работилница за краток филм како дел од регионалната мрежа на фестивали за краток филм Balkan Short Film Network.