На 31-ви мај (среда) во 19 ч. во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажана претставата „Донка – Писмо до Чехов“ на уникатниот Даниеле Финци Паска и неговата театарска трупа.
Претстава имаше премиерна изведба во 2010 година во Русија, во копродукција со Чехов фестивал, по повод 150 години од раѓањето на А.П. Чехов.

Тања Дешко од АртАктУм информира дека успеале да ги добијат правата за ексклузивно прикажување на оваа претстава на големо платно пред македонската публика со само еден термин.

По проекцијата следи разговор со Ана Стојаноска, театролог, писател, професор на ФДУ, претседател на МТФ „Војдан Чернодрински“; Зоја Бузалковска, режисер, професор на ФДУ; и Небојша Вилиќ, историчар на уметноста, професор на ФДУ.