Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фестивалот „Видик“ со музичко освежување: Интерактивниот концерт на „Фамилија Металковци“

Денеска (29 мај, среда),  во 18 часот, во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, ќе се одржи интерактивниот концерт и работилница за деца со „Фамилија Металковци“.

Станува збор за едукативен концерт на музичарите од групата лимени дувачки инструменти во оркестарот на Македонската филхармонија.

Преку овој интерактивен проект музичарите ја запознаваат помладата публика со специфичноста и карактерноста на секој од инструментите што припаѓаат на оваа оркестарска група.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново