Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, во своето обраќање на свечената академија по повод Денот на албанската азбука, организирана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и Владата на Република Северна Македонија, го нагласил, како што информираат од неговиот кабинет, историското значење на Конгресот во Битола во 1908 година и неговата одлучувачка улога во унифицирањето на албанската азбука, како една од главните столбови на албанскиот национален идентитет.

Фетаи, како што информираат од неговиот Кабинет, го подвлекол придонесот на преродбениците и истакнатата личност на Мид’хат Фрашери, како и значењето на печатницата „Башкими и Комбит“ во развојот на албанските изданија. Тој, исто така, ја пофалил посветеноста на колекционерот и истражувачот Нико Котерија и на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, кои ја отворија изложбата „Конгресот и Печатницата“ како омаж на албанското културно наследство.
На крајот, тој ја потврдил посветеноста на Владата за заштита, негување и промоција на албанскиот јазик, култура и идентитет, сметајќи ја, се вели во соопштението, оваа задача за национална и граѓанска одговорност.

