Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фетаи од Брисел: Од нас се очекува да ги заокружиме уставните измени

„Пораките беа кристално јасни дека постои еден извонреден моментум, кој треба да го искористиме како Западен Балкан и да ги завршиме останатите обврски. Тоа што се очекува од нас се знае. Треба да ги заокружиме уставните измени, со што конечно ќе бидат отворени преговорите со ЕУ“, рече вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој престојува во работна посета на Брисел на покана на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“. 

Тој смета дека со пораката од Брисел, дека местото на Северна Македонија, како и на целиот регион на Западниот Балкан, е во Европската унија, е позитивна.

„Ние како држава треба да ги завршиме задачите кои ги имаме со што ќе ја поминема поминеме оваа фаза и ќе отвориме нова страница во процесот на зачленување во Европската Унија“, рече Фетаи.

Вицепремиерот, за МИА вели дека слични пораки биле упатени и на Конференцијата за состојбите во Европа, на панелот посветен на политиката на проширување на ЕУ. 

Фетаи се сретнал и со новиот известител на Европскиот парламент за Северна Македонија, европратеникот Томас Вајц кој доаѓа од австриската партија Зелени, како и со „старата пријателка на нашата земја и на Западниот Балкан“, Улрике Луначек, која, како што нагласила, е голем застапник на политиката на проширување на ЕУ.   

– Европратениакот Ваjц ми вети дека ќе ја следи линијата на неговата пратеничка група во Европскиот парламент и дека ќе има конструктивен и критички пристап во оние области каде што ќе имаме недостатоци, рече Фетаи. 

Зачлени се на нашиот е-билтен