ФИФА ги намали цените на билетите за СП 2026

По лавината реакции на светската спортска јавност за цените на билетите на СП во фудбал во 2026 Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека ги намалила цените на некои билети.

Со тоа, некои навивачи ќе имаат можност да купат билет за финалето по цена и од само 60 долари, иако претходно нивната цена беше планирана на неверојатни 4.185 долари.

ФИФА соопшти дека билети од 60 долари ќе бидат достапни за секој натпревар од турнирот, кој ќе се игра во Северна Америка, и ќе бидат доделени на националните асоцијации чии репрезентации учествуваат во натпреварите.

Зачлени се на нашиот е-билтен