Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филхармонија гостува на меѓународниот фестивал за духовна музика „Музички Едикт“ во Ниш

Оркестарот на Македонската филхармонија, на 4 јуни (недела) ќе гостува во Ниш (Р.Србија) во рамки на седмиот меѓународен фестивал за духовна музика „Музички Едикт“.

Оркестарот на Филхармонија ќе настапи во комплексот на Соборната Црква во Ниш, а ќе биде изведена „Хорска Фантазија“ за пијано, хор и оркестар, опус 80 од Лудвиг ван Бетовен.

Диригент е Хаџи Јаков Милутиновиќ, а како солисти ќе настапат Катарина Симоновиќ-Иванковиќ (сопран), Маријана Радосављевиќ (сопран), Александра Ристиќ (мецосопран), Саша Арсенков (тенор), Никола Стаменковиќ (тенор), Лазар Лазаревиќ (баритон) и Андреј Цинцаревиќ (пијано).

Настапуваaт и хорот од Факултетот за уметност во Ниш „Маестрини“ и хорот на РТС од Белград.

Зачлени се на нашиот е-билтен